Влажни коловози и намалена видливост - возачи бидете внимателни!

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража, Буково и Плетвар, а на планинскиот премин Ѓавато видливоста е до 50 метри, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај село Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. 

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 км.

На регионалниот пат Куманово - Кратово кај излезот на село Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20 метри.

На патниот правец Лакавица - Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200 метри, на кој е извршена санација.

На местата каде што сообраќајот се одвива забавено е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

 Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т. и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега