ВИДЕО кое открива како копилотот се заклучил во пилотската кабина на германскиот авион

 

За заштита од терористички напади и директен напад врз пилотската кабина, авиопревозниците воведоа специјална мерка, која во случајот со авионот на Герман Вингс се покажа како кобна за животите на 150 патници и членови на екипажот.

 

Имено, вратата од кокпитот, односно нејзиното заклучување и отклучување се контролира од внатре, во пилотската кабина.

Доколку некој од екипажот сака да влезе во кокпитот има посебна процедура која треба да ја почитува, односно претходно да се јави преку интерфон во кабината, а потоа да притисне одредена шифра на тастатурата која се наоѓа пред вратата. Тогаш, пилотот ја отклучува кабината.

Во случај кога процедурата нема да се испочитува, пилотите можат да ја заклучат кабината и тогаш никој не може да ја отклуччи

Во јавноста кружеа дилеми околу можноста копилотот да се онесвестил во кокпитот и затоа да не можел да ја отвори вратата. Сепак, самиот систем за заштита на пилотската кабина ја предвидел оваа можност, па затоа, екипажот има посебна шифра со која може сам да ја отвори вратата без пилотот да го притисне копчето за тоа, освен кога пилотот не ја онеспособил оваа команда.

Сепак, во случајот со германскиот авион, копилотот комплетно ја заклучил кабината и никој не можел да ја отвори.

Ова видео дава детално објаснување.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега