АНАЛИЗА: Експертите откриваат кој прислушувал во Македонија

Прислушување е креација против, а не од Владата, посочија безбедносните експерти од регионот во дебатната емисија Пресинг, на балканската мрежа на СИ ЕН ЕН

prisl500

Хрватскиот судски вештак за телекомуникации и експерт за прислушување, Џуро Лабура вели дека од она што излегува во јавност е јасно дека Владата на Груевски е жртва на нелегално прислушување.

Босанскиот универзитетски професор од Бања Лука и долги години експерт за прислушување, Предраг Чераниќ е многу подециден. За него нема дилеми дека во овој проект вмешаност имаат и странски безбедносни служби.

Хрватскиот судски вештак за телекомуникации вели дека покрај инфраструктирниот начин на прислушување постои и мобилен систем, кој најчесто е карактеристика на странските служби.

На овој начин Лабура практично ја потврди и една од тезите за начинот како во Македонија е вршено илегалното прислушување.

Професорот Чераниќ пак потенцира дека секое организирано прислушување има своја цел. Во случајот со Македонија целта е очигледна. Претседателот на центарот за безбедносни политики од Србија, Предраг Петоровиќ, посочувајќи го примерот со илегалното следење на српскиот премиер, вели дека секој може да стане жртва на прислушување, бидејќи безбедносните служби честопати имаат тенденција на осамостојување од системот и дејствуваат под контрола на други центри.

Експертите по безбедност од Балканот се децидни дека сите безбедносни служби во регионот, кои практично се наследници на тајните служби од поранешниот систем, треба да подлежат на темелна реформа со јасна превентивна цивилна контрола.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега