ФОТО: Ричард Трети погребан по 530 години

 

Средновековниот англиски крал Ричард Трети, е погребан во Катедралата во Лестер, после 530 години од неговата смрт, пренесе МИА.

Погребната церемонија и црковната служба во чест на некогашниот крал,ја водеше Надбискупот на Англиската црква од Кантербери Џастин Велби.

pogreban-500

- После повеќе од половина милениум, овој крал, еднаш оставен во гроб без никакви ознаки конечно се погребува со достоинство и со почестите што ги нема добиено во 1485 година, кога бил убиен - беше речено во текот на црковната служба.

pogreban3-500

Кралот Ричард Трети, еден од најчесто искористените историски личности во драмите на Вилијам Шекспир е убиен во битката кај Босфорт Филд, во завршните операции од триесетгодишната Војна на розите.

pogreban6-500

Ричард е последниот англиски крал кој загинал на бојното поле.

Погребната цереминија во Лестер ја следеа дестици илјади граѓани, собрани да му дадат последна почит на кралот чие тело не можеше да се најде никаде во Англија. Во 2012 година беше откриено случајно, при едни комунални работи во овој англиски град, под паркинг просторот наспроти супермаркет.

pogreban7-500

Долгите испитувања на најдените коски и череп, со помош на најсовремената технологија конечно потврдија дека станува збор за посмртните останки на кралот за кого се мислеше дека никогаш нема да се пронајдат.

pogreban4-500

На погребната цереминија, во име на британската кралска куќа присуствуваше контесата од Весекс, Софи, како и војводата и војводката од Глостер.

Познатиот англиски актер Бенедикт Камбербач кој е далечен потомок на Ричард Трети, читаше специјално напишана поема за средновековниот крал.

pogreban1-500

pogreban5-500

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега