За тендери и аванти Заев има многу роднини - за имотот во Грција сака да се изземе

Кога станува збор за матни бизниси и распределба на општинските пари во Струмица, роднините на лидерот на СДСМ, Зоран Заев секогаш се тука. Сепак, кога ќе дојде време да се разговара за нивниот имот и за тоа што тие купуваат со парите кои ги добиваат на сомнителен начин од општина Струмица, Заев се повлекува. Вели дека за нив, не сака да коментира.
Додека Заев го обвинува Груевски за имот за кој како што тој тврди бил во сопственост на кумот на премиерот од првиот брат кога некој ќе го праша, како неговото семејство купи хациенда во Грција вредна стотици илјади евра за багателна цена, Заев се иззема. Тој го обвинува премиерот за неговиот братучед Мијалков, кога некој ќе ги праша, како неговото семејство пренесе 110.000 евра во кеш, тој молчи и вели дека не го интересираат активностите на неговите роднини.
За потсетување, тоа се истите роднини кои добија огромни суми пари на граѓаните во општина Струмица преку тендерите. За споменување е дека е речи си невозможно да најдете член на семејството Заеви кој не добил тендери од општина Струмица

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега