Како да се возбудите, иако не ви е до секс
Колку пати ви се случило поради силните работни, семејсни и други обврски не само што немате време за секс, туку и кога ќе ви се пружи прилика за тоа и не сте баш расположени за акција? Драги дами, никогаш не е доцна да ги запознаете новите можности и границите на вашата сексуалност.
Дали на жените им се советува да користат препарати за подобар секс? Што да им се препорача за подобар секс, за зголемување на сексуалната желба и поквалитетен оргазам?
Еве што препорачуваат уролозите и сексолозите.
Денеска многу жени се жалат на недостаток на желба за секс и неможност да постигнат оргазам. Ако се земе предвид животното темпо на денешните жени, не е ни чудно што и кај нив се јавува сексуалната дисфункција. Обврските на работа, во домот, семејството, децата…. сето тоа претставува еден константен стрес, кој си го наплатува данокот. Од жените се очекува после сето горенаведено, уште и да ги исполни своите обврски во креветот.
Често мажите воопшто немаат разбирање кога жената ќе се пожали дека не и е до секс. Така се трупаат несогласувања кои со време можат да ескалираат во многу посилни и посериозни проблеми, неверства, раскинувања и развод.
Понекогаш и воспитувањето и опкружувањето влијае на гушењето на женската скесуалност, учејќи дека сексот е нешто лошо и „валкано“ и дека „фините“ дами не би требало да уживаат во тоа.
Бидејќи сексуалната дисфункција кај жената не е физички воочлива (отсуството на ерекција не може да се скрие), таа најчесто го глуми задоволството и оргазмот. Но таквото однесување неминовно остава незадоволство и фрустрации кај нив, што со текот на времето се манифестира во психо физички пореметувања.
Квалитетниот секс е неопходен како на мажите, така и на жените, за општото здравје на организмот и тој факт не смее да се игнорира. Жените треба да превземат се што е потребно за максимално да уживаат во нивната сексуалност и во самиот однос. Не се срамите да побарате помош од експерт ако се најдете во ќорсокак и не гледате излез.
Пробајте со препарати на билна база, кои ја подобруваат циркулацијата преку гениталните крвни садови бидејќи тоа допринесува поголем степен на возбуда, поголема чувствителност на вагината и генерално на поинтензивен оргазам.
Никогаш не е доцна да се ослободите од овој проблем. Експериментирајте, внесувајте новости, отворено кажете му на партнерот што ви одговара.
Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа