Проверете дали утре ќе останете без струја

Без електрична енергија утре од 11 до 13 часот ќе останат корисниците од селата Ракотинци, Добри Дол (општина Сопиште), Маркова Сушица местото Вакув и каменоломот Беровиќ (општина Студеничани). 

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, соопштија дека без електрична енергија утре 9 до 13 часот ќе бидат корисниците од ул. „Саса“ во населба Пинтија (општина Кисела Вода) и корисниците од ул. Скупи и Визбегово (општина Карпош), а од 13 до 15 часот корисниците од ул.„Саса“ подулици 2 и 4 во населба Пинтија, (општина Кисела Вода).

Од 10 до 14 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Алија Авдовиќ“, Попово маало и кај Суџукот и околните улици во населба Ченто, (општина Гази Баба), а од 9 до 11 часот корисниците од селата Говрлево, Горно и Долно Соње, општина Сопиште, селата Св. Петка, Чифлик и Виничиште (општина Сопиште).

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега