Васко Ефтов: Чекам да видам дали ЗНМ ќе реагира

 

ЗНМ излезе со реакција кога ми ја укинаа емисијата на Алфа, сега чекам да видам дали истото ќе се случи и со забраната од страна на Алсат М. Ова го вели Васко Ефтов за Телеграф, кој деновиве е во центарот на медиумското внимание.

- ЗНМ реагираше кога ми ја забранија емисијата на Алфа, Насер Селмани беше на разговори со уредничкиот тим за да биде укината тогашната забрана на мојата емисија. Сега чекам да видам дали ќе го направи истото и за забраната на Алсат М, дали ќе реагира како претседател на ЗНМ или како Албанец, вели Ефтов за Телеграф.

Додава и дека не знае каква би била реакцијата на Заев и Шеќеринска и дека би ги прашал ако дојдат во неговата емисија. 

- Ова е валкана војна, сум ги добил сите битки, па ќе ја добијам и оваа. Ова не е моја битка со опозицијата. Ова е моја битка со Заев и Шеќеринска и нивното сфаќање на демократијата во која нема место за неистомисленици, додава тој.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега