Фаворитот на СДСМ за директор на МТВ го цензурира Ефтов - Селмани ја брани цензурата на Зекири

 

Главниот фаворит на опозициската СДСМ за генерален директор на Македонската радиотелевизија (МРТВ), Мухамед Зекири, кој е и главен уредник на Алсат-М телевизија ја цензурираше и забрани емисијата на новинарот Васко Ефтов, „Во центар“.

Според самиот Ефтов, зад ваквото сценарио стои најтесното раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев и Радмила Шекеринска,  кои како што нагласува Ефтов, работеле на забранување на неговата емисија која се емитуваче на Алсат-М. Покрај ова, Ефтов нагласи и дека Заев и Шекеринска ги нарачувале сите оние “гнасни плукања и навредувања по опозициските портали“.

-Знаев какво е сценариото на Заев и Шекеринска: Да работат на забранување на мојата емисија. И тоа го правеа од кога дојдоа на чело на СДСМ. И да ги нарачуваат сите оние гнасни плукања и навредувања по опозициските портали. Сега за сите кои ме прашувавте што имам против Заев и Рада!? Ништо лично, само се бранев себеси, моето семејство и мојата емисија. Сите кои го гледаа срамното интервју на Заев на Алсат М, во кое се переше за глупостите казани во интервјуто на 24 Вести каде ги призна пишаните пораки кои си ги имале со Верушевски, сега им е јасно. Нема потреба од повеќе објаснување. Оваа е валкана војна. Јас сите мои битки сум ги добил, ќе ја добијам и ова, нашиша Ефтов.

Тој нагласи дека ова не е негова битка со опозицијата, туку негова битка со Заев и Шекеринска и нивното сфаќање на демократијата во која нема место за нивните неистомисленици.

Насер ја брани цензурата на Мухамед

Првиот човек на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, недвосмислено застана во одбрана на цензурата на Мухамед Зекири и фронтално го нападна Васко Ефтов. Селмани со неубедливи аргументи се обиде да го оправда Зекири, со што претседателот на ЗНМ застана во одбрана на цензурата.

Во својата одбрана кон Зекири, Селмани крајно непрофесионално, на моменти и дрско го напаѓа Ефтов за чија емисија вели дека била непрофесионална и скандалозна затоа што косовската војна во 1999 година, Ефтов еднострано ја пренел базирана само на српската пропаганда, каде што фалеле албанските протагонисти, косовските Албанци. Селмани забележува дека екс-шефот на воената српска тајна служба, Стефан Ѓоровиќ , во емисијата на Ефтов се обидел “херојот на војната во Косово да го претстави како маженце, кој за да го спаси својот живот облекол женска облека“

-Со овие лаги Ѓоровиќ и Ефтов имаа многу јасна цел, да се омаловажи војната за слобода на Албанците во Косово, пишува навредениот Селмани во реакција на својот ФБ профил.

Опозициските фронтмени се' поагресивни

Она што е на очиглед на целата јавност е што зад плаштот на борба за демократија стои желба на СДСМ за цензура и апсолутна желба за контрола, што се гледа и во најновата скандалозна цензура на Зекири.

Од друга страна, се’ поочигледна е агресивноста во редовите на опозициските фронтмени. Тоа, коментираат познавачите е резултат на тоа што и Заев и луѓето кои го поддржуваат се свесни дека нивното сценарио е разобличено и неуспешно

Последен во таквата низа нервозни настапи беше на еден од главните  експоненти на опозицијата Никола Гелевски, кој наиде на осуда на јавноста поради навредливите зборови, пцовките и говорот на омраза.

Немој бе барабо една, битанго да лажеш. Некој ме нарекува платеник. Па тој е бараба. Да ти се мочам на министерот… Ова е само дел од речникот на Никола Гелевски, уредникот на „Окно“ во емисијата 24 Анализа, на ТВ 24 Вести. Низа навреди, ароганција, пцовки, недолични зборови… Новинарот кој ја водеше емисијата во неколку наврти се огради од речникот на Гелевски. Тој во повеќе наврати го молеше Гелевски да се однесува цивилизирано.

Токму Никола Гелевски беше во игра за министер за култура на СДСМ и е член на партискиот Сoвет за култура. СДСМ вчера не се огради од срамниот вокабулар и ваквиот говор на омраза на еден од нивните главни медиумски експоненти.

Не е ново перјаниците на СДСМ, контролирани и финансирани од СОРОС, да употребуваат навреди, да користат говор на омрза, да повикуваат на линч. Често пати тие се надминуваа себе си, ги преминуваат сите граници на некакво нормално однесување во јавност, како и границите на цивилизирано новинарско/човечко однесување.

Во последно време се’ почести се ваквите излагања на перјанците на СДСМ, како и претставници од партијата за која тие работат. Тоа е само доказ за агонијата и немоќта во која се наоѓаат и експонентите и партијата чии ставови и интереси ги застапуваат.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега