Груевски: Со новата палета мерки до прилично голем број вработување во иднина

 

На денешната 42 седница на Собранието на Република Македонија која е наменета за поставување на пратенички прашања, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска постави три пратенички прашања.

Првото прашање  се однесуваше на новите мерки на Владата на Република Македонија за намалување на невработеноста.  

-          Деновиве од страна на Владата се промовирани и нови мерки за вработување. Ве замолувам поконкретно да слушнеме ние, а и целата македонска јавноста за овие нови предложени мерки и дали можете да ни кажете дали до овој момент е направена некаква анализа односно дали може да слушнеме за колкав процент може да очекуваме да се намали невработеноста во следниот период, праша Лашкоска.  

Одговор на ова прашање даде премиерот Никола Груевски, кој ги објасни новите мерки за намалување на невработеноста и очекуваните ефекти од нив.

-          Правата група онаа која што беше до 29 години ја прошируваме да биде не до 29 години туку до 30 години и за нив ослободувањето од плаќањето на придонеси и персонален данок на доход наместо една да биде три години со обрска вработениот да го задржат уште најмалку една година, исткна Груевски.

Тој додаде дека со овие измени предиведени се и механизми кои ќе ги спречат можните злоупотреби и манипулации од страна на работтодавачите.

-          Втората група е од 35  до 50 години каде што се овозможува за оние кои што повеќе од 10 години немаат работа, а ги има такви многу над 40.000 луѓе доколку некоја фирма ги вработи во првите 5 години да биде ослободени од придонеси со обврска да бидат задржани уште 1 години од страна на работодавачот. Ова ќе поомогне на една значајна категорија во државата која што повеќе од 10 години нема најдено работа, потенцираше Груевски и додаде дека се работи за една категорија на граѓани кои што се во полн капацитет .

-          Третата мерка е поврзана со лицата кои што се помеѓу 50 години и 58 години за нив е предвидено оној што ќе ги вработи да биде ослободен од придонеси во период од 5 години без обврска потоа да ги задржи, објасни премиерот Груевски.

Тој  потенцираше дека се раобти за категорија на граѓан во која спаѓаат многу луѓе кои што во време на транзицијата останале без работа.

-          Четвртата група е од 58 години па нагоре. За оваа група е предвидено за онаа компанија што ќе ги вработи ослободување од придонесети се до нивниот пензионирање, не завнино од тоа кога ќе се пензионираат.

      За последната група Грувски истака дека се работи за лица од  раниливи категории  на граѓани.

-          Деца израснати без родителска грижа, лица со хендикеп, родители на деца кои што се се посебни потреби, тоа се обично родители кои што се во исклучителна тешка ситуација, така што и оваа категорија е опфатена, мерката е исто така насочена и  за професионалните  војници потенцираше Груевски кој доаде дека и за оваа групаа е предвидено 5 годишно ослободување од плаќање придонеси.  

Груевски истака дека се очекува со една ваква палета на мерки прилично голем број на нови вработување во иднина.

Второто пратеничко прашање Лашкоска го постави до Министероството за земјоделство и водостопанство  во врска со не можноста регистрираните земјоделци поради различни причини да го пренесат корисничкото право на член во семејството.  

За ова прашање  пратеничката Лашкоска ќе добие одговор по писмен пат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Последното прашање Лашкоска го постави до Министерството за транспорт и врски, во врска со санациите од поплавите во Пелагонскиот регион и санација на мостот и насипите на реката црна.  

Министерто за транспот и врски Миле Јанакиески истака дека овие денови треба да заврши проценаката на сите оштетени подрачја и потоа врз база на таа проценка ќе бидат обештетени граѓаните и ќе бидат санирани штетите. 

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега