ОЈО: Се постапува по предметите за прислушување и пријавите од СДСМ

 

Основното јавно обвинителство - Скопје денеска соопшти дека предметите по јавно објавените наводи од наводно прислушуваните разговори по службена должност и досега поднесените кривични пријави од СДСМ се распоредени на 17 јавни обвинители од ова обвинителство, пренесува МИА.

- Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е преземањето и на други активности согласно Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство, соопшти Јавното обвинителство.

Како и по сите други кривични пријави и настани, истакнуваат од ЈО, без оглед на тоа кој е подносител и кој е пријавен, надлежните јавни обвинители на ист начин постапуваат и по наведените предмети.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 14:00
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега