Крива Паланка: Со закана со пиштол си ги барал позајмените пари

Кривична пријава за кривопаланчанец кој сторил разбојништво.

Се работи за 30-годишниот Д.В. од Крива Паланка кој пред Поштата во селото Ранковци го пресретнал 46-годишниот Т.И. и со закана по животот почнал да му бара пари кои му ги должел Т.И. на неговиот татко.

Откако Т.И. му кажал дека долгот дополнително ќе го плати, пријавениот насилно од џебот му одзел паричник во кој имало 6.400 денари и документи.

најчитано сега