Бурмата на машката рака магнет за жените

После повеќе годишно истражување група од француски сексолози заклучи дека бурмата на машката рака не одбива, туку напротив претставува магнет за жените и голем плус во освојувањето.

Постојат повеќе причини поради што може да се дојде до ваков заклучок. Но, број еден причина е тоа што дамите повеќе им веруваат на оженетите мажи и сметаат дека тие се посериозни, позрели и поодговорни.

Меѓутоа, сексолозите тврдат дека втората причина е можеби и клучна, а тоа е фактот дека меѓу припадничките на понежниот пол постои веќна потреба за ривалство од каде произлегува заклучокот дека “забранетото овошје” се чини дека е повкусно.

Освен тоа, ова истражување вели дека жената која ќе успее да ѝ го преземе партнерот на друга жена има поголема самодоверба и се чувствува помоќно. Сепак, стручните лица не им препорачуваат на дамите да се впуштаат во авантури со оженети мажи, бидејќи постојат шанси од такви врски да останат емоционално скршени.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега