Прв Конгрес на физиотерапевтите на Македонија
Во организација на Здружението на физиотерапевти на Република Македонија (ЗФРМ) денеска во Македонската академија на науките и уметностите ќе почне Првиот конгрес на физиотерапевтите на Македонија.
Конгресот треба да придонесе во информирањето и пренесувањето на новите светски достигнувања на физикалната терапија и рехабилитација, а воедно да го презентира напредокот на македонските физиотерапевти.
Во текот на четири дена колку ќе трае првиот конгрес на физиотерапевти, ќе бидат презентирани 40-тина предавања со кои ке бидат обработени теми од областа на спортската, педијатриската, кардиоваскуларната, невролошката, и посттрауматската рехабилитација.
Дел од програмата ќе бидат и предавања што ќе опфатат физиотерапевтски третман на ретки заболувања како што се ретт синдром, даунов синдром и АЛС амиотрофична латерална склероза.
Освен стручни предавања на конгресот ќе се одржат и неколку работилници на кои ќе се обработат и презентираат најразлични нови мануелни техники кои се популарни во светската физиотерапија .
Досега учество имаат најавено 130 физиотерапевти од Македонија и од околните балкански држави Бугарија, Турција Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна Херцеговина но и од Италија, Швајцарија и Велика Британија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа