Стефан Влахов Мицов: Од осамостојувањето до денес против Македонија се води необјавена војна
Политичката состојба во Македонија е искреирано сценарио на странските служби со цел промена на името на државата. Состојбата е драматична и таа може дополнително да се продолабочува. Ова е генаралната оценка на публицтот и научник, Стефан Влахов-Мицов, кој во исклучително интересното интервју за Прес24 дава оценка и анализи од аспекти за кои во Македонија малку се зборува.
-Јасно е зошто опозицијата бара преодна влада. Таа мора да има улога како заедничката влада во 2001 година, т.е да донесе капитулација на македонската држава. Со два збора, опозицијата одработува странско сценарио за македонско уништување. Владата не мора да „пречи“, а досега мораше да има судстка завршница. Притоа, не само за Заев, ами за целиот врв на СДСМ кој активно по поддржува и се негови сопучесници. Судска завршница мора да има и за целокупниот соросоидов корпус, кој со години работи против државата, вели Влахов Мицов во интервјуто за Прес24.
Тој смета дека во Македонија со години се води необјавена војна и дека западните структури уште од деведесетите како сојузник во рушењето на мекдонскиот идентите ја имаат СДСМ, што сега се покажува.
Зошто сега и зошто на овој начин се прави ова, Влахов-Мицов вели: Затоа што од 2006 година, Груевски постепено им ги помати намерите.
-Внимателна анализа покажува дека е вмешан „Големиот брат“. Затоа и нема да биде објавена странската служба, независно од тоа што излегоа информации дека се знае која е таа. Тие информации имаа цел да го смират организаторот со неговиот познат ракопис во Турција и во Украина. Само глуп човек може да претпостави дека ќе застане тука. Всушност, што ќе прави во иднина зависи од државниот врв, вели во интервјуто за Прес24, публицистот и научник, Стефан Влахов Мицов.
ПРЕС24: Македонија повеќе од еден месец се наоѓа во исклучително комплицирана политичка ситуација која предизвикува еден вид дестабилизација. Како Вие ја оценувате актуелната политичка состојба во државава?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Македонија, за жал, се наоѓа во драматична ситуација која јас ја споредувам со онаа од 2001-та. Дури може да излезе и потешка. Многу битно е да знаеме за што се работи. ЕУ и НАТО се сè понезадоволни од Владата на Груевски затоа што тој не попушта на притисокот за менување на македонското име и идентитет. Тие не се интересираат за македонските национални и државни интереси, туку за своите. Интересите на НАТО се Македонија да се приклучи кон Алијансата за да биде заокружена Србија и да не може Русија да се врати на Балканот. Од друга страна, интересите на САД се за „Голема Албанија“ со половина Македонија во неа. Останатиот дел да биде за Бугарија и на тој начин таа дефинитивно да биде придобиена против Русија. Со други зборови, Владата на Груевски или мора да попушти, или да биде соборена. Нема алтернатива Грција да попушти за името, не само затоа што таа земја е миленик на Западот. Една споредба меѓу Грција и Македонија покажува дека грчкиот народ е единствен во својот национализам, не признава малцинства на својата територија и не може да биде уценуван како Македонија со Албанците.
За остварување на своите цели, ЕУ и САД уште во 90-тите години го придобија врвот на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Одеднаш од 2006 г., иако тивко и смирено, Груевски почна да им го руши сценариото. СДСМ не можат преку избори да дојдат на власт, затоа западниот фактор одлучи да им помага со сите сили. Зашто на хоризонтот е време кое го брка и судирот со Русија.
ПРЕС24: Кои се вашите проценки - до каде може да оди оваа ситуација?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: За Западот има две опции. Доколку Груевски не може да биде симнат од власта (досега тоа не им успеа), ќе биде притиснат да попушти за референдум за името, кој Македонија ќе мора да го изгуби, како оној за територијалната поделба во 2004 г. Во Битола Груевски повторно зборуваше за референдум. Тој се лаже (како и пред самитот во Букурешт во 2008 г., кога Буш му ветуваше влез во НАТО) дека преку референдум ќе биде отфрлено менувањето на името. Ако Груевски не попушти за директно менување на името или на референдум, втората опција е мобилизација на албанскиот фактор со истата цел како во 2001 година. Пред таа закана Западот се надева дека Груевски ќе попушти. Веројатно е така, бидејќи премиерот изјави дека нема да дозволи меѓуетнички крвопролевања. Тоа значи дека ќе попушти, затоа што никој не може да сопре судир, доколку тоа го посакува албанската заедница. Има и трета опција за која Западот (а претпоставувам и Груевски) воопшто не размислуваат. Тоа значи Македонија да направи геополитички и стратешки пресврт, да побара воена поддршка од Русија и по цена на тешка војна да ги реши успешно сите досегашни проблеми што ги има со своите НАТО-вски соседи. Само што за таква одлука мора да имаме државник од рангот на Тито. За жал, денес само 38% од Македонците се подготвени да војуваат за својата земја.
ПРЕС24: Дали продолжувањето на оваа ситуација ќе предизвика поголеми, пред се, економски потреси, бидејќи економијата во моментов е онаа која трпи најмногу штета?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Оваа состојба се разбира дека влијае врз економијата и врз инвестициите. Мислам дека ако Груевски продолжи да се држи флексибилно (ниту попушта, ниту пак цврсто се спротивставува), ќе се направат обиди за вештачка економска дестабилизација, која треба да создаде револт кај граѓаните. Ќе дадам пример со еден чорап. Ако допуштите во него дупче, кое бргу не го затворите, наскоро целиот чорап ќе биде уништен.
ПРЕС24: Господине Мицов, како оваа политичка дестабилзација ќе се одрзи врз националните стратешки интереси на Македонија?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Прво, мора да разјасниме какви се макдеонските национални интереси. За мене, тие од една страна се за зачувување на територијалната целост на македонската држава; од друга страна – неменување на уставното македонско име, т.е. македонскиот идентитет во сите негови делови: јазик, историја, култура, традиции; од трета страна – висок просечен стандард на македонските граѓани. Сè друго – членство во сојузи, организации итн. – може да биде само инструмент за остварување на овие цели. Кога гледаме дека одлуките и притисоците на ЕУ и НАТО се спротивни на нашите стратешки интереси, што бараме кај нив? Од 1991 г. до денес нашите дејствија го потврдуваат македонскиот самоуништувачки синдром. Тогаш ние објавивме дека сме суверена и независна држава, а ја направивме протекторат. Кажете што денес зависи од нас? Од надвор контролираат дали изборите биле чесни. Од надвор сугерираат каква да биде владата, со кого да се прави коалиција, од надвор инсистираат какви да бидат односите меѓу партиите. Од надвор контролираат каква да биде внатрешната политика, како да работат институциите (судството и образовниот систем), каква да биде надворешната политика. Од надвор ни кажуваат какви закони да имаме, дали и како да ги судиме нашите шпиони, сакаат да го „олеснуваат“ политичкиот дијалог итн. Притоа, внимавајте, уште не сме членка ниту на ЕУ, ниту на НАТО, а веќе практично имаме странски амбасадори за губернатори.
ПРЕС24: Ве прашувам затоа што ситуацијата практично предизвикува сериозна поделба на македонското општество?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Всушност, поделбата на македонското општество официјално почна во 1991 г. Но, и во времето на социјализмот постоеше, само што тогаш имаше други идеологеми. Проблемот е што македонските партии се изживуваат како партии-држави, а го немаат тој капацитет. Сакаат да се идентификуваат со државата, а не работат државнички. Партија-држава има во Кина, но таа покрива цел спектар на интереси на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ за овие 9 години имаше одлична шанса да се претвори во партија на македонскиот народ. Зашто во одбрана на името се повеќе од 90% од граѓаните, а рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е околу 25%, иако и таа вели дека го има истиот став!? Значи, останатиот дел од граѓаните не се задоволни од дејствувањето во таа насока, а и од останатото дејствување на владејачката партија. Зошто власта не ги усогласи своите дејности со нивните интереси? Ако ВМРО-ДПМНЕ добива на избори по милион гласови, што ќе и е гајле за СДСМ, ДУИ или за ДПА.
ПРЕС24: Кому најмногу му одговара ваква дестабилизрана Македонија?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Ако имаме нормална опозиција и нејзе нема да и одговара дестабилизирана или уништена Македонија. Ако не постои држава, нема да има ниту партии, ниту Собрание, ниту Влада. Може да си украл милиони и да си ги изнел надвор, но во странство ти не си фактор, ами само човек со пари. На Запад си имаат доволно такви луѓе. Од осамостојувањето до денес против Македонија се води необјавена војна. Сите македонски соседи, кои од 19 век не го признаваат македонскиот инентитет, се заинтересирани да нè снема. Заинтересирани се и нивните пријатели како Франција и Германија, а како што веќе реков – и САД.
ПРЕС24: Кој е излезот од оваа политичка ситуација. Опозицијата тврди дека единствен излез е политичка разрешница со преодна влада, Владата смета дека мора да има правна и судска завршница?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Јасно е зошто опозицијата бара преодна влада. Таа мора да има улога како заедничката влада во 2001 година, т.е да донесе капитулација на македонската држава. Со два збора, опозицијата одработува странско сценарио за македонско уништување. Владата не мора да „пречи“, а досега мораше да има судстка завршница. Притоа, не само за Заев, ами за целиот врв на СДСМ кој активно по поддржува и се негови сопучесници. Судска завршница мора да има и за целокупниот соросоидов корпус, кој со години работи против државата.
ПРЕС24: Она што во последно време постојано се обидува да се игнорира е всушност почетокот на оваа криза. Кој тоа организирал политички масовно прислушување во Македонија и за кои цели? Опозцијата на почетокот тврдеше дека тоа е власта, но сега тоа никој не го споменува?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Од објавени снимки се гледа дека не е прислушувана само опозицијата, туку и Владата. Се разбира дека Владата не може сама да се прислушува. Ако Груевски сака да дознае дали министрите или партиските функционери му се верни, има други начини за тоа, познати уште во антиката. Практично, масовно прислушување на луѓе немало и не може да има, затоа што интересните луѓе во Македонија се малку. Работата е во тоа што доколку, на пример, некој ве прислушува вас или мене, во снимките влегуваат и многу луѓе кои комуницираат со нас. Оттука е и големиот број кој требаше да ги стресе граѓаните, да ги револтира заради навлегување во нивните приватни животи. Емотивноста го помати разумот и никој не се запраша: со што јас сум интересен за да бидам прислушуван?
ПРЕС24: Ако не е власта, тогаш кој организирал вакво сценарио?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Внимателна анализа покажува дека е вмешан „Големиот брат“. Затоа и нема да биде објавена странската служба, независно од тоа што излегоа информации дека се знае која е таа. Тие информации имаа цел да го смират организаторот со неговиот познат ракопис во Турција и во Украина. Само глуп човек може да претпостави дека ќе застане тука. Всушност, што ќе прави во иднина зависи од државниот врв.
ПРЕС24: Во оваа политичка криза која се случува повторно во Македонија во центарот се безбедносни структури. Дали Македонија е заложник на одредини внатрешни но и надворешни безбедносни групи?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Вистината е дека македонската државна безбедност е пробиена. Тоа е така барем 17 години, но сега сите го видовме. Проблемот не е само во тоа дека македонски политичари работат во корист на странски политички непријатели на земјава, како што и внатрешни безбедносни структури помагаат на странски непријателски служби. Странците логично сакаат да создадат своја агентура во нашата земја. Вистинскиот проблем е дека им се дозволува, дека не се прочистени службите уште од времето на Љубчо Георгиевски, не е прочистен и судскиот систем, државните институции од сите предавници. И во владејачката ВМРО-ДПМНЕ има такви функционери на високи позиции, па доколку на мајскиот конгрес не се направи „проветрување“, работите ќе се движат на уште полошо.
ПРЕС24: Има ли поширок регионален контекст кризата во Македонија. Односно дали станува збор за внатрешно прашање или кризата е еден вид поширок региоонален, па и европски интерес?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Официјално гледано, во Македонија нема политичка криза. Секој месец сите 123 пратеници примаат цела плата. Само што опозицијата не оди на работа. Тука и опозицијата и Владата го кршат законот. Едните примаат плата, а не работат, другите го дозволуваат тоа и не распишуваат избори за нивните места. Тоа е внатрешното прашање. Инаку, провоцираната состојба во Македонија е и од регионален, и од европски интерес. Затоа и притисокот врз нас е сè поголем. Притоа, не се работи за нашата иднина, ами за наша небиднина. Сите сакаат да нè снема и стануваат сè понестрпливи.
ПРЕС24: Дали политичка интервенција од Европа може да ја реши кризата?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Во последните 25 години секоја политичка интервенција од Европа се подлабоко нè закопува. Нашите политичари тоа не сакаат да го разберат. Еве ги и новите политички „олеснувачи“: Ричард Ховит (кој сака името Република Македонија да биде избришано), Иво Вајгл (новиот известувач за Македонија сака да биде избришана придавката „македонски“) и Едвард Кукан. Нека им се честити на сите македонски идиоти!
ПРЕС24: Последните недели владејачката ВМРО-ДПМНЕ го возвраќа ударот со масовни трибини од кои испраќа порака дека партијата и поддржувачите се компактни. Прво, дали овој одговор е најсоодветен?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Владејачката партија на тој начин се симнува на рамништето на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ мора да праќа пораки не преку трибини и митинзи, туку преку институциите што ги има. Институциите мораа цврсто да дејствуваат, а народот (без учество на премиерот и на Владата) да прави масовни собири за поддршка на тие дејствија.
ПРЕС24: И, второ, колку на овој начин ќе може да се поправи политичката штета што веќе ја трпи државата?
ВЛАХОВ-МИЦОВ: Со трибини од едната и од другата страна се изедначуваат политичките субјекти. Тоа им дава можност на ЕУ и на САД да ја извртат работата, како да се работи за политичка борба и за недоразбирање меѓу СДСМ и ВМРО_ДПМНЕ. Во суштина, се работи за сосема друга работа. Со поддршка од странците СДСМ се обидува да ја земе власта без избори. Како што се случи во Украина. Тоа не е ниту меѓупартиска, ниту меѓуполитичка борба. Во прашање е националниот и државниот интерес. Според тоа, не може од една страна да бараш судска завршница, а од друга – да водиш дискусии и тоа во Брисел, со луѓе кои ја продаваат Македонија. Што има да дискутира Милошоски со Шеќеринска? Каков „дијалог“ може да има ВМРО-ДПМНЕ со шпионскиот врв на СДСМ, на што инсистира ЕУ? Постоењето на СДСМ веќе ѝ носи погибија на Македонија. Попустливата политика на ВМРО-ДПМНЕ води кон истото.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа