Каракамишева: Некој има патолошка потреба да ја оцрнува државата
Барањето за итна политичка разрешница на „политичката криза“ преку формирање преодна влада која ќе организира нови парламентарни избори без претходно правно решение на аферата „Пуч“ е лошо осмислен политички потег, вели професорката Татјана Каракамишева Јовановиќ во интервју за Телеграф.
Се најавува дека во разрешувањето на политичката криза ќе се вклучи Европската унија преку неколкумина парламентарци. Ќе успее ли официјален Брисел преку посредништво да ја реши оваа ситуација?
- Ако ја сфативме пораката од дебатата што се водеше во Брисел, тогаш не треба да има двоумење. Ако не сфативме дека работите меѓу власта и опозицијата можат и требаат да се решаваат дома, или попрецизно со зборовите на Брок, „Брисел не треба да биде судија за тоа како ќе се однесуваат позицијата и опозицијата во една од земјите-кандидати“, тогаш повторно не сме ја научиле лекцијата од минатото. Пак паѓаме на истото прашање. Но, паѓаме и на уште едно прашање. А тоа е дека во РМ упорно постојат лица со патолошка потреба да ја оцрнуваат сопствената земја на секое ќоше и да ја претставуваат како деловно неспособен субјект, кој нема капацитет да се грижи за себе, и на кој секогаш му е потребен старател кој ќе му кажува што да прави, и како да се однесува, вели Каракамишева.
Професорката вели дека граѓаните научија да си го почитуваат своето внимание и да го даваат само таму каде што гледаат и чувствуваат конкретни дела, каде што има конкретни резултати, кои можат да им го подобрат квалитетот на животот.
-Веќе е сосема јасно дека некои лица во Македонија имаат патолошка љубов, изразена во форма на крајна сервилност кон посредниците на ЕУ, на кои очајно повикуваат и кои очајно им требаат за да ги задоволат сопствените психолошки потреби. Како кога на мало дете, на кое не му е обрнато внимание од родителите, му се јавува потребата да вика, да фрла предмети, само и само да го добие вниманието. СДСМ веќе подолго време не го добива вниманието од граѓаните. Причината е многу едноставна, рече таа во интервјуто за порталот.
Целото нејзино интервју погледнете го на ТЕЛЕГРАФ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа