Министерството за образование со парични награди за учениците

 

Министерството за образование и наука информира дека во тек е јавен повик за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, за учениците од основните училишта, како и јавен повик наменет за учениците од средните училишта во Република Македонија.

На повиците можат може да се пријават ученици, заедно со  наставникот кој ги подготвувал за натпреварот, кои освоиле прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, во учебната  2014/15 година. Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави. 

Повикот ќе биде отворен до 30.06.2015 година. Пријавите, заедно со потребната документација, наведена во конкурсот кој е објавен на www.mon.gov.mk,  се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки“.

Министерството за образование и наука ќе додели, поединечно, парична награда во износ од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Република Македонија во последниот месец пред доделувањето за освоено прво место,  40% за освоено второ место и 30% за освоено трето место.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега