Велиновска: „Требош“ е фарса на СДСМ
Тајната полиција му ја спакувала на Љупчо Георгиевски, односно на Љубе Бошковски аферата „Требош“ и за тоа видов снимка како воен или полициски хеликоптер, со јажиња пред една пештера спушта труп завиткан во вреќа, а на земја го преземаат извесни лица...
Ова во најновата колумна за Нова Македонија го пишува новинарката Мирка Велиновска, според која аферата „Требош“ е фарса на СДСМ и во тоа време тајните служби си биле под управа на опозициската СДСМ и дека и во време на војна тие дејствувале на страната на ОВК.
Велиновска пишува дека тогашниот разузнавач Зоран Верушевски ја повикал кај него дома, во домот во тој момент биле и жена му и помалиот син. Верушевски го отворил компјутерот и и’ прикажал избор од снимки
-Ми беше кажано исто така дека тајната полиција му ја спакувала на Љупчо Георгиевски, односно на Љубе Бошковски аферата „Требош“ и за тоа видов снимка како воен или полициски хеликоптер (јас сум дудук за ознаки и видови, па не ми е јасно кој и каков тип летало беше) со јажиња пред една пештера спушта труп завиткан во вреќа, а на земја го преземаат извесни лица. Ми кажа кој раководи со акцијата (лицето Б.Б.) и такви некои информации. Ми објасни дека целта била да се избербатат владата и партијата што беа на власт кога ни се случи фингерајката од војна, пишува Велиновска.
Со други зборови, додава Велиновска, на ваков начин дознала дека тајните служби си биле под управа на опозициската СДСМ и дека и во време на војна тие дејствувале на страната на ОВК.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа