Велиновска: СДСМ и во време на војна делувале на страна на УЧК
Најголемата македонска опизициска партија, СДСМ, и во време на војна делувале на страна на УЧК, пишува новинарката Мирка Велиновска во својата колумна објавена во Нова Македонија. Велиновска пишува дека тајните служби си биле под управа на опозициската СДСМ и дека и во време на војна тие дејствувале на страната на ОВК.
-Ми беше кажано исто така дека тајната полиција му ја спакувала на Љупчо Георгиевски, односно на Љубе Бошковски аферата „Требош“ и за тоа видов снимка како воен или полициски хеликоптер (јас сум дудук за ознаки и видови, па не ми е јасно кој и каков тип летало беше) со јажиња пред една пештера спушта труп завиткан во вреќа, а на земја го преземаат извесни лица. Ми кажа кој раководи со акцијата (лицето Б.Б.) и такви некои информации. Ми објасни дека целта била да се избербатат владата и партијата што беа на власт кога ни се случи фингерајката од војна. Со други зборови, на ваков начин дознав дека тајните служби си биле под управа на опозициската СДСМ и дека и во време на војна тие дејствувале на страната на ОВК. Дека сме погрешиле што сме мислеле дека нѐ прислушува македонската полиција (се однесува на случајот „Големото уво“), туку сето тоа било игра на странски служби. Ама за потребите на сценариото било обвинето тогашното раководство на МВР. Ми пушти и некои извадоци од разговори на мои колеги што ме работеле за потребите на грчки тајни служби и за тоа добивале хонорари и такви слични „бомби“, за што лично ги известив колку да си знаат што има човеков во посед, пишува Велиновска.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа