Верушевски одработувал со местенки и порано за СДСМ
Разузнавачот Зоран Верушевски со местенки и порано одработувал за интересите на СДСМ. Ова го тврди новинарката Мирка Велиновска во колумната „Нема богат улов со стари бомби“ објавена во Нова Македонија.
Велиновска пишува дека и’ е ужасно непријатно што е сведок на оваа реприза од 2001 и 2002 година и додава дека тајните служби во времето кога Верушевски беше директор на ДБК, си биле под управа на опозициската СДСМ и дека и во време на војна тие дејствувале на страната на ОВК.
-Ми беше кажано исто така дека тајната полиција му ја спакувала на Љупчо Георгиевски, односно на Љубе Бошковски аферата „Требош“ и за тоа видов снимка како воен или полициски хеликоптер (јас сум дудук за ознаки и видови, па не ми е јасно кој и каков тип летало беше) со јажиња пред една пештера спушта труп завиткан во вреќа, а на земја го преземаат извесни лица. Ми кажа кој раководи со акцијата (лицето Б.Б.) и такви некои информации. Ми објасни дека целта била да се избербатат владата и партијата што беа на власт кога ни се случи фингерајката од војна. Со други зборови, на ваков начин дознав дека тајните служби си биле под управа на опозициската СДСМ и дека и во време на војна тие дејствувале на страната на ОВК, пишува Велиновска.
Ваквите пишувања на новинарката откриваат дека Верушевски одработувал со местенки и порано за СДСМ. Верушевски сега е првообвинет во случајот „Пуч“, заедно со лидерот на СДСМ Зоран, Заев, кој е четвртоосомничен. Осомничените лица во „Пуч“, преку употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги. Верушевски, кој моментно се наоѓа во притвор под сомнение за други кривични дела, полицијата го терети за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери.
Како што соопшти МВР, Верушевски прибавувал тајни податоци поврзани со работењето на надлежни државни органи во земјава во форма на документи, фотографии, имиња на лица и други податоци кои што се однесуваат на општествено-политичките, економски, безбедносни состојби во Македонија, со намера да ги соопшти и предаде на странска држава, организација или лице што им служи. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, се товари дека на средби со премиерот Никола Груевски му се заканувал со докази против него. Извор на информации на Заев му бил Верушевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа