Возачи, еве каде да внимавате

 

Според информациите добиени од ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. На планинските превои Стража и Ѓавато има појава на магла со видливост до 100 м.

Според СИКС МВР регионалниот пат Пробиштип - ХС Злетовица во с. Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.

На патниот правец Р1205 Крупиште - Пробиштип кај с. Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип - Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово каде е можна почеста појава на одрони.

Според известувањето од ИРД Енгинееринг, од 18-ти март 2015 година, започнати се градежни работи на мостот А1-43Л (пред тунелот во Катланово), на автопатот А1 (Е75), делница Велес - Катланово, на стационажа 46 + 934, вклучувајќи должина од околу 250 метри, пред и по мостот. Сообраќајот се одвива по една лента, регулирано со ново поставена сигнализација. Планирано е работите да траат 3 и пол месеци.

Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. започнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.

На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Препорачуваме повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Според известувањето од ИРД Енгинееринг од 10-ти февруари 2015 година, започнати се работи на мостот А1-69Л, на автопатот А1 (Е75), делница Велес - Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по 250 мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и
- и од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Учесниците во сообраќајот треба да се придржуваат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

На 19.12.2014 година стартуваше времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега