Тајна на Монасите од Шаолин - Рецепт за долг живот стар 1500 години

Ако барате проверен рецепт за здравје, мир и долговечност, барајте го од искусни кои стотина, поточно, близу две илјади години пронаоѓаат начини да живеат во склоп со себе и со природата. Иако западниот свет ги поврзува само со Кунг Фу, Тај Чи, или Чи Гонг, боречки вештини, Шаолин свештениците за животот знаат многу повеќе од тоа.

Се знае дека имаат долг и здрав живот, дека се витални, и смирени и нивното учење е всушност спојка на учење и верување на будизмот и таозимот. Попрецизно речени, а за секој да разбере, тие веруваат во еден пат на секој од нас, веруваат дека секој во себе носи своја вистина до која сам мора да дојде, и тоа со техники (боречки вештини, медитација).

Шаолин вештините не можат реалноса да ја направат убава, затоа што реалноста зависи само од тоа како секој се гледа себеси и својот однос со светот.

Кунг фун може да се преведе како „тешка работа“ или „труд“ и за Шаолин свештениците главната алатка ако сакате да се запознаете себе си и да го пронајдете својто пат. Принципите на оваа филозофија можат да се применат било каде на планетава и без разлика на вашето занимање, а здравјето и долгиот живот се осигурани. Така Шифу Јан Леи, 34 генерација мајстор на овие боречки вештини, ги напиша советите за сите кои сакаат долг и здрав живот и да ја сочуваат виталноста.

1. Немојте многу да мислите. Размислувањето троши многу енергија. Од премногу мислење стареете.

2. Немојте многу да зборувате. Повеќето луѓе или зборуваат или работат. Подобро да работит.

3. Кога работите, работете 40 минути, а потоа направете пауза од 10 минути. Кога долг временски период гледате во нешто, било што, го рушите својот вид и внатрешните органи, како и внатрешниот мир.

4. Кога сте среќни, контролирајте го тоа чувство. Кога ќе изгубите контрола, ја уништувате енергијата во белите дробови.

5. Немојте премногу да се грижите или да се љутите, затоа шт така ја нарушувате енергијата во црниот дроб и цревата.

6. Кога јадете, не јадете премногу. Кога ќе се прејадете, ја пореметувате работата на слезината. Јадете помалку кога ќе почуствувате малку глад.

7. Кога нешто работите, не брзајте, полека. 

8. Ако се занимавате со со физичка активност и работит на Qi gong (вежби со дишење, фокус...) ќе станете нестрпливи и нервозни. Ќе го изгубите баланот во своето тело, ќе го изгубите Yin (женскиот принцип, злото, омразата) која со Yang принципот ја одржувате).

9. Ако не се занимавате со физичка активност, само одмарајте се или медитирајте, повторно го губите чувството и нема да имате Yang енергија (машки принцип - дух, љубов, светло, добро).

10. Shaolin Kung Fu ви дава се. Суштината на тренингот е да се направи баланс меѓу Yin и Yanga. Не е важно колку часа вежбате. На телото треба да му го дадете тоа што му треба.

 

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега