Видео: Девојче направи 600 добри дела во спомен на својата баба

Осумгодишната Алекс Меккелвеј од градот Лејквуд во американската сојузна држава Вашингтон, минатата недела ја заврши нејзината едногодишна благородна мисија.

Имено, во период од 365 дена Алекс направила дури 600 добри дела во спомен на нејзината баба, која починала во септември 2013 годијна.

Алекс и нејзиното семејство во чест на починатата баба ветиле дека ќе направат 60 добри дела до нејзиниот 60-ти роденден, кој требало да го послави на 22 септември 2014 година.

Но, откако минатиот март семејството Меккелвеј ги направило предвидените 60 добри дела, Алекс решила да ја зголеми бројката на 600 и сето тоа да го заврши до 22 март 2015 година.

– Одбрав 600 дела, затоа што тоа е десет пати повеќе од 60 и не планирам да застанам на тоа. Ќе направам 1.000, а потоа и милион добри дела. Сакам да допрам до толку многу луѓе, изјави Алекс.

Нејзиното последно добро дело беше реконструкцијата на Ценарот за млади во Лејквуд, а според пишувањето на „Њуз Трибјун“, Алекс, членовите на нејзиното семејство и неколкумина доброволци минале неколку дена во обнова на просторот и собирање на финансиски средства за купување на нови играчки и други забавни содржини за Центарот.

Направените добри дела биле различни, од оставање ситни пари крај автомат за слатки и волонтирање во различни здруженија, па до давање напојница од 100 долари во рестораните.

Алекс веќе се радува на месеците што доаѓаат, затоа што до 2016 година си постави задача да направи 1.000 добри дела.

– Не го правам тоа за да бидам совршена девојка или славна. Не сакам да бидам ни едното, ни дургото. Сакам да бидам само добра, заклучи Алекс.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега