Директорот на ЈП за државни патишта Мисајловски во посета на Демир Капија и Валандово
Во рамките на континуираната работна посета на општините директорот на ЈП за државни патишта Владо Мисајловски, денеска оствари средба со градоначалниците на општините Демир Капија Трајче Димитриев и на Валандово Николче Чурлиновски.
Директорот на ЈП за државни патишта, заедно со градоначалникот на Демир Капија направија теренски увид на регионалниот пат Демир Капија- Корешница- Бистренци, на кој се беа појавиле оштетувањата од неодамнешните поплави.
По увидот беше констатирано дека при поплавите е направено видно оштетување на патот, на пропустите и на еден од мостовите. Во разговорите по увидот во состојбата на регионалниот пат беше разгледана можноста за нивна санација.
Во општина Валандово, директорот придружуван од градоначалникот, го посетија село Пирава каде општината аплицираше преку проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура за рехабилитација на овој пат, која треба да се реализира наскоро.
Во рамките на посетата на општина Валандово беше направен и увид во поставувањето на комплетно нова сигнализација и патна опрема на регионалниот пат Удово-Раброво.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа