Јакимовски: Треба да се апсат, а потоа да има истрага

 

Стевчо Јакимовски, поранешниот функционер на СДСМ вели дека шпиуните секаде прво се апсат, па потоа се прават истрагите.

-Јас сум длабоко убеден дека не најдоа најсоодветен начин да се справат со целата ситуација и со матријалите кои што тие ги поседуваат и дека во оваа конкретна ситуација ние веќе завлегуваме секојдневно во подлабок и подлабок криминал и подлабоко и подлабоко кршење на законските прописи во Република Македонија и сегде во светот. Кажете ми дали Асанж или Викиликс преговара со некого во неговата држава? Каде тоа во светот има со шпиуните и со луѓе што се огрешиле од законот, што прават криминал да се преговара. Се знае како се постапува. Шпиуните секаде прво се апсат па потоа се прават истрагите, рече Јакимовски за Канал 5.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега