Јакимовски: СДСМ не може да го покрене своето членство, затоа влегува во агонија на протести

 

Поранешниот функционер на СДСМ, Стевчо Јакимовски, вели дека СДСМ не може да го покрене своето членство и дека ефектот од нивното сценарио не се остварува.

Тој во гостувањето на Канал 5, вчера рече дека поради оваа ситуација, опозицијата влегува во агонија со протести.

-Сега не може, се гледа дека ефектот не се остварува, не може да го покренат народот, своето членство итн.  И сега тоа се продолжува, се влегува во една агонија и таа агонија е ајде сега ќе правиме протести ваму, ќе правиме протести таму. Се користат разни форми.

Значи тоа е веќе видено сценарио кое што јасно не може да даде резултат. На власт не можеш да дојдеш со уцени и со војерство, рече Јакимовски.

На власт можеш да дојдеш само ако имаш подобар политички или пак економски програми, заклучи лидерот на ГРОМ.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега