Награден конкурс на ЕВН Македонија
ЕВН Македонија го продолжи рокот за пријавување на наградниот конкурс за најдобра маска инспирирана од книга, со што ќе се одбележи Светскиот ден на книгата за деца, 2 Април. Конкурсот е отворен до 29 март, до кога учесниците треба да испратат фотографии на кои се фотографирани со своите маски на е-адресата konkurs@evn.mk.
Право на учество имаат сите ученици од шест до 14 години од сите основни училишта низ Македонија, а дополнителни информации може да се добијат на телефонот 02 2466 444. Финалната средба на „ликовите од книгите“ ќе се случи на 1 април, Денот на шегата, кога ќе бидат доделени и наградите за најкреативните маски, за кои ќе решава тричлено жири. За најкреативните пет маски ЕВН ќе обезбеди таблети со апликации за читање електронски книги.
Конкурсот се реализира во партнерство со асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“, а фотографии со најдобрите маски ќе бидат објавени и на страниците на уличното списание „Лице в лице“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа