Важно: Ако низ двор ви минуваат кабли од телефон, струја...може да барате да ви платат

 

Граѓаните и инвеститорите отсега ќе можат од дома да проверат дали низ нивна или друга локација за која се заинтересирани поминува инфраструктурен објект преку геопорталот што за таа намена го воспостави Агенцијата за катастар на недвижности.

На геопорталот може да се видат досега евидентираните оптички и бакарни кабли, кабли за пренос на електрична енергија, гасоводи, водоводи, канализации, трафостаници, базни станици, антени и други инфраструктурни објекти.

Во случај низ земјиште на граѓанин со решена сопственост да поминува каква било инфраструктура и за тоа има имотен лист може да побара надомест од операторот на таа инфраструктура. Искуствата, според директорот на катастарот Славче Трпески, се најчесто да се постигне договор за еднократен надомест.

– Граѓаните имаат право да си ги решат имотноправните работи со имателите на овие инфраструктури по пат на службеност. Ќе треба да се договорат околу службеноста како имателот на таа инфраструктура ќе влегува во дворот на граѓанинот за да пристапи до инфраструктурата. Договарањето секогаш е доброволно, а во спротивно по судски пат – рече Трпески.

Досега технички се евидентирани над 23 илјади километри водови од телекомуникации, електроенергетика и водовод и канализација и над 142 илјади точкасти објекти од типот на базни станици, трафостаници, антени. Тоа е направено врз основа на податоците за нивната геопросторна локација со која располагаат имателите.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега