Македонија дел од Европската недела на движење

 

Пет македонски града во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање се вклучија во европската кампања за одбележување на Европската недела на движење за 2014 година. 

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопшти дека во одбележувањето на европскиот Ден без автомобили поддршка дале и повеќе градови, невладините организации, институции и јавни личности од Македонија.

За најуспешен град во Европската недела на движење 2014 на синоќешната свеченост во Брисел, каде присуствувале претставници на Министерството и Град Скопје бил прогласен шведскиот град Остерсунд.

- Градот Скопје со активностите кои ги спроведе во насока на намалување на загадувањето предизвикано од прекумерна употреба на автомобили, со пронаоѓање и реализирање на нови транспортни и инфраструктурни сообраќајни решенија, со создавање услови за помасовно користење на јавниот превоз и велосипеди, пуштање во употреба на електромобили и електровелосипеди за туристичка намена и други активности, од европското семејство на градови беше препознат како еден од 10-те најуспешни од вкупно 377, кои конкурирале за наградата, информира МЖСПП.

Посебно внимание, како што е наведено, предизвикала андроидната апликација Skopje Green Route со која на жителите и минувачите во главниот град им се дава можност да направат избор на најдобар, најефтин и најеколошки вид транспорт во градот, а која беше презентирана во рамките на работилницата на која се претставуваа градовите и државите. 

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега