Силна шлаканица за Заев од Брисел - писмена декларација за осуда на постапките на СДСМ
Група од 21 политичар, пратеници и членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа, преку писмена декларација ги осудуваат постапките на Зоран Заев, особено неговите закани кон премиерот Никола Груевски.
Звучни имиња на високи позиции од моќните европски земји, ставија своерачен потпис на декларацијата со која испраќаат силна порака до Република Македонија. Тие изразуваат загриженост од последниот развој на политичката ситуација во Македонија, особено за, како што велат, „неодговорното однесување на политичката опозиција“.
Писмената декларација за обидот за недемократско преземање на власта во Македонија
„Ја изразуваме нашата загриженост за последниот развој на политичката ситуација во Република Македонија, особено за неодговорното однесување на политичката опозиција.
Ја поддржување интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО и укажуваме дека за евро-атлантската интеграција на државата постои заедничка одговорност и на владеачките и опозициските партии во Република Македонија.
Укажуваме дека парламентарните избори во Република Македонија беа слободни и фер, согласно нотираното во извештаите на ОБСЕ и ПС на Совет на Европа“.
Ги осудуваме:
-заканите на Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кон премиерот на Република Македонија, Никола Груевски
-инволвираноста на странски тајни служби и нелегалното прислушкување на највисоките државни претставници на Република Македонија
Укажуваме:
-дека само политички аргументи и програми поддржани од граѓаните се демократскиот начин да се добијат избори
Бараме:
-продолжување на политичкиот дијалог и одговорно однесување на опозициските Социјал- демократи и целосно искористување на нивните мандати во Собранието на Република Македонија
-слободна и независна судска постапка според највисоките Европски стандарди и целосна транспарентна постапка
Го поддржуваме особено важниот политички дијалог во решавањето на конфликтите и повикуваме на одговорно однесување на политичката опозицијата почитувајќи ги демократските правила на политичкиот систем“.
Зад оваа декларација се потпишаа звучни политички имиња од цела Европа, вкупно 21 политичар.
Кои се потпишаните европарламентарци?
Аксел Фишер- германски политичар, член на Христијанската Демократска Унија на Германија. Член е на германскиот парламент од 1998 година. Фишер е член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, и на Западно-Европската Унија.
Педро Аграмунт - шпански политичар. Член е на Сенатот на Шпанија од 2008 година. Тој е истакнат член на Народната партија на Шпанија, своевремено и негов претседател. Аргамунт е активен претсвник на Парламентарното Собрание на Советот на Европа и е застапник на идејата за понатамошна европска интеграција на државите.
Аркакадио Дијаз Тејера - тој е член на Собранието од 26.01.2009 година. Бил претседател на сојузот на синдикални работници на Канарските Острови, а работел и како полноправен член на Одборот за човекови права, Одборот за политички работи и демократија и полноправен член на Комитетот за избор на судии за Европскиот суд за човекови права.
Ален Дестех- белгиски политичар. Бил сенатор во периодот од 1995-2011 година, а потоа останал член на Регионалниот парламент на Брисел. Дестече е член на Либералното Реформистичко Движење и претставник на Белгија во Светскиот Економски Форум. Ја има добиено „Наградата за слободата“ на Нова Цивитас во 2006 година. Дестече бил и Генерален секретар на Médecins Sans Frontières од 1991-1995 година и претседател на Меѓународната кризна група од 1997-1999 година.
Реха Денемеч од партијата Европски Конзервативци. Денемеч е соосновач и член на управниот одбор на владејачката Партија на правдата и развојот во Турција. Претседавач е на турската делегација и заменик претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Тој станал член на Парламентот претставувајќи ја Анкара на изборите од 2002, 2007 и 2011 година.
Дебора Бергамини- италијанска политичарка, новинар и член на италијанскиот парламент. Бергамини станала член на Италијанскиот Дом на делегати во 2008 година и е член на политичкото движење Народот на слободата и оттогаш е член на Комитетот за транспорт, пошта и комуникација. Во 2011 година е избрана за заменик-претседател на анкетната Комисија за пиратерија и фалсификување. Таа е член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а од 2009 година е претседател на Центарот за Север и Југ на Советот на Европа.
Аугустин Конде- шпански европарламентарец кој моментално е член на Шпанскиот конгрес на заменици, а во периодот од 26.01.2009 до 06.03.2015 бил член на Собранието. Исто така, Конде бил и полноправен член на Комитетот за криминални проблеми и борба против тероризмот.
Жан Клод Мињон- член на Националното собрание на Франција. Во 2012 година е избран за претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа.
-Кристина Зеленикова АЛДЕ, Чешка. Член на украинското парламентарно собрание за Советот на Европа.
-Кимо Саси е член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа.Фински политичар член на Националната партија на Финска. Член е на Парламентот на Финска од 1983 година, бил министер за транспорт и врски.
-Хермин Нагдалиан, Европски Конзервативци, Ермениа. Таа е потпретседателка на Ерменското национално собрание.
Влодомир Ариев е украински политичар. Претседател е на украинската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа