Вонредна временска: До сабота ќе истури дожд
Променливо облачно време со врнежи од дожд ќе преовладува до сабота. УХМР соопшти дека утре врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, особено претпладне кога се очекува локално да наврнат до 20 литри на метар квадратен.
Пообилни врнежи во четврток и петок ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат со пороен карактер, проследени со грмежи. Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен во овие два дена.
Утре врнежи од снег ќе има на повисоките планини, а потоа само на највисоките планински врвови.
Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен ветер.
Оцени ја веста
24.03.2015 - 12:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа