Автоотпадите под лупа - „фрчат" високи казни
Врз основа на предходно изготвен план, СВР Куманово во содејство со Државниот пазарен инспекторат и мобилната царинска единица изврши контрола на девет авто-отпади лоцирани на подрачјето на Куманово.
При спроведената акциска контрола во шест авто-отпади се констатирани неправилности во работењето и тоа по основ на прекршоци согласно Закон за трговија и поради непоседување на соодветна документација за возилата. Во два случаи авто-отпади не биле регистрирани за вршење дејност, односно не биле регистрирани во Централниот регистер.
Притоа од страна на ДПИ се издадени платни налози и покани за наплата на глоба во вкупен износ од 12.000 евра, како и едно решение за забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена, при што од сопствениците со потврди за привремено одземени предмети се одземени вкупно 82 патнички моторни возила и 52 регистерски таблички издадени од Р.Македонија, кои ке бидат предмет на понатамошна работа за што ке следат соодветни поднесоци согласно констатираните негативности.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа