Собранието денеска го менува Законот за хонорарите
Собранието денеска го менува Законот за хонорарите. На предлог на пратениците Илија Димовски и Светлана Јакимовска, по скратена постапка се очекува да биде изменет Законот. Станува збор за измени во делот на рокот во кој оние кои примиле хонорар треба да достават пријава до Фондот за пензиско. Наместо како досега на 25 во месецот, сега, пријавите ќе треба да се достават 5 дена по приемот на уплатата за хонорар. Исто така, се менува и износот на кој се плаќаат придонеси за хонорарите. Сега за одредени видови авторски договори се воведуваат признати трошоци, а не се плаќаат придонеси на сумата која се добива како персонален данок
Комплетниот текст на предлог законот може да го прочитате тука
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа