Подгответе се да ги помрднете стрелките на часовникот еден час напред

 

В недела почнува летното сметање на времето. Часовниците ноќта во сабота кон недела ќе се поместат еден час нанапред. Така, два часот по полноќ станува три.

Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред напролет, а да се враќаат еден час наназад наесен. Овој систем е предложен во 1905 годинa од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 година, како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата за летното сметање на времето да почнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД, летното сметање почнува во втората недела од март, а завршува во првата недела од ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.

Додавањето еден час дневна светлина попладне генерално им оди во прилог на продавниците, спортските активности, земјоделството и на други дејности, кои се поврзани со дневна светлина. Покрај тоа, продолжувањето на попладневната дневна светлина изгледа го намалува бројот на жртви од сообраќајни незгоди. Исто така, изгледа дека се заштедува електрична енергија со намалувањето на периодот на вештачко вечерно осветлување. Во САД пресметале дека летното сметање на времето заштедува 1 процент од потрошувачката на нафта.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега