Дезинфекција и дератизација во поплавените пелагониски села
Јавната здравствена установа Завод за здравствена заштита - Битола почна да врши дезинфекција и дератизација во пелагониските села кои беа зафатени со неодамнешните поплави.
Завод за здравствена заштита информира дека дезинфекцијата ќе се изврши во 121 објект во општина Могила и 12 објекти во општина Новаци.
- Дезинфекцијата се врши во подрумските простории и други објекти кои беа поплавени од надојдените води во општините Могила и Новаци. Приоритетната листа ја изработија општинските кризни штабови и претежно се индивидуални домаќинства, но и неколку фарми. Со оваа акција ќе се спречат заразни заболувања, додека со дератизацијата ќе се спречи евентуалната појава на туларемија, истакна Тони Коњановски, епидемиолог во ЈЗУ Завод за здравствена заштита-Битола.
Акцијата беше препорачана од Државниот здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство, потвруваат од ЈЗУ Завод за здравствена заштита - Битола, кои по завршувањето на акцијата во општините Могила и Новаци своите екипи ќе ги насочат во неколку битолски села, кои беа зафатени од неодамнешните поплави во тој регион.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа