Предлог-законот за таблети за студентите пред пратениците

 

Предлог-законот за издавање вредносни бонови-ваучери, по скратена постапка, е на дневниот ред на денешната 40 - та собраниска седница. 

Со Законот се предлага издавање вредносни ваучери за таблет компјутери со надворешна тастатура за редовните студенти од семејства во кои месечните приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход и кои првпат се запишани во трета и четврта  година на студии  на високообразовните установи, како и  за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани во било која  година на студии.

Предлогот за донесување на законот меѓу другото се смета дека и директна стимулација за компаниите кои се дел од ИТ секторот.

За спроведување на овој закон се потребни 96.000.000 денари, средства кои се обезбедени од Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација. 

Пратениците ќе расправаат и за Законот за административни службеници и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега