Милошоски: Ако развиваме дијалог во Брисел, нема причина тоа да не го правиме во Собрание
Ако имаме волја да развиваме дијалог во Европскиот парламент, тогаш нема причина тоа да не го направиме и во Собранието, вели во изјава заТелеграф.мк, Антонио Милошоски потпретседател на македонското Собрание и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, кој се наоѓа во Брисел.
Милошоски во Брисел учествува на семинарот „Развој на политичка култура и зајакнување на политичкиот дијалог за одржлива демократија што денеска и утре се одржува во Европскиот парламент, а на кој учествуваат и претставници од македонската опозиција
-Бојкотот на кој било Парламент е бојкотирање на демократијата, вели Милошоски пред утрешната дебата во европскиот законодавен дом, а која ќе биде повеќе за Македонија, при што ќе говори и известувачот Иво Вајгл.
На првиот ден од дебатата можеа да се чујат дијаметрално спротивни ставови. Меѓу учесниците се и Радмила Шеќеринска, Љупчо Јосифовски и Лидија Димова, претставени од организаторот како пратенички од СДСМ и НСДП. На семинарот ќе присуствуваат и Талат Џафери (ДУИ), Љубица Буралиева (независна пратеничка) и Имер Алиу (ДПА).
Заедно со македонската парламентарна делегација во Брисел е и генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, Жарко Денковски, пишува Телеграф.мк.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа