Подгответе се да ги помрднете стрелките на часовникот за еден час напред

 

Оваа недела започнува летното сметање на времето. Во недела, во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење.
Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега