Турската полиција ги растури протестите на плоштадот во Истанбул

 

Турската полиција синоќа употреби водени топови, солзавец, гумени куршуми и палки за растурање на неколкуте илјади демонстранти, кои се собраа на нови протести на истанбулскиот плоштад Таксим.

Додека полицајците во линија се движеа кон учесниците на протестите, демонстрантите почнаа да фрлаат црвени каранфили кон нив и скандираа „Полицијо, не го предавај својот народ“.

Пред да започне полициската акција протестот траеше два часа, за време на кои демонстрантите извкуваа антивладини пароли и бараа оставка од премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

Неколку часа пред новите протести во Истанбул и Анкара, премиерот Ердоган на митинг на негови приврзаници во градот Самсун обвини дека учесниците на антивладините собири се жртви на подмолен план.

- Кој доби со овие протести што траат три недели? Доби лобито на лихварите, добија непријателите на Турција. А загуби, иако малку, економијата и загубија туристите. (Во Турција) има слобода како што немало никогаш досега, нагласи Ердоган. 

- Младите станаа жртва на таквиот подмолен план... И што требаше да прави полицијата? Дали тие места требаше да останат окупирани?, запраша Ердоган, нагласувајќи дека полицијата си ја извршила својата должност.

Ердоган направи и паралела меѓу протестите во Турција и Бразил, обвинувајќи дека зад случувањата во двете земји стои ист центар на моќта.

- Симбоилите се исти, плакатите се исти, Твитер и Фејсбук се исти, меѓународните медиуми се исти. Демонстрантие ги преводи еден ист центар... Се прави се што е можно во Бразил да се оствари она што не можеше во Турција. Тоа е истата игра, истата цел, обвини Ердоган.

 

најчитано сега