СДСМ не бира средства во очајниот обид да дојде на власт
СДСМ се подготвени сè да направат и прифатат само да дојдат на власт, а тоа се докажува со предлогот објавен во опозицискиот Фокус, Албанец да биде поставен за премиер на Македонија.
Но, ваквиот предлог на опозицискиот Фокус не е единствено место каде се шират ваквите ставови. Во нишката се надоврзува и емисијата на Ал Џезира, телевизија која го шири радикалниот ислам, која предизвика бурни реакции во јавноста.
Во емисијата каде беа застапени антимакедонските ставови, отворено се стимулира креирање на тензии и поделба меѓу народот во насока на конфликност. Во истиот документарец заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска вели дека работите ќе се влошуваат, а тука е и изјавата на лидерот на ветераните на ОНА кој пред картата на Голема Албанија најавува дека Албанците се подготвени да се борат.
Во однос на целото сценарио, аналитичарот Тони Науновски во изјава за Курир вели дека ова е смислена провокација.
-Кога ја слушнав оваа вест дека некои, иако небитни ликови, предлагаат Албанец за премиер, мислев дека е шега, затоа што Албанец може да биде премиер во Албанија, ова е Македонија, суверена национална држава на македонскиот народ. Мислам дека ова е смислена провокација која ќе го засили револтот на Македонците кон обидот за државен удар, и ќе ја намали трпеливоста и толеранција кон „пучистите“.Најопасниот дел од обидот, од сценариото за државен удар е токму закрвавување меѓу Македонците, во некаква радикална варијанта на „црниот понеделник“. Сетете се на тоа, тој ден беше грозен ден за Македонија и македонската историја, кога Македонци тргнаа против Македонци, предводени од некои ликови кои и денес ги гледаме во евтиниот шпионски филм со кој сакаат насилно и недемократски да ја превземат власта. Многу непријатели нè напаѓаат, од сите страни, но главниот удар е веќе одбиен и затоа сега се обидуваат се во нивниот очај заради неуспехот, вели аналитичарот Науновски кој додава дека македонскиот народ со својот историски наследен ум ќе го преживее и ова време-невреме, и по конечната победа ќе биде посилен и поединствен, а сите кои учествуваат во државниот удар, како што вели ќе бидат поставени на столбот на срамот на македонската историја.
Веќе јасно е дека СДСМ не бира каде и што ќе каже, рушејќи го имиџот на Република Македонија и газејќи по македонскиот идентитет. Токму ова, за експертите е една од целите на организаторите кои го подготвуваат сценарио против Македонија. Ова е само уште една во низата потврди и дека СДСМ очајно се обидува да дојде на власт, а за таа цел не бира средства. Подготвени се и за провокации, меѓумакедонски и меѓуетнички судири за задоволување на сопствената жед за власт, а на штета на македонскиот народ, коментираат експертите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа