Одржан семинар во рамки на прекуграничниот проект за туризам на Демир Капија и Лерин

Во рамки на прекуграничниот проект за туризам на општините Демир Капија од Македонија и Лерин  во Грција, викендов во грчкиот град се одржува последниот од низата семинари кои беа организирани во двете општини, соопшти денеска Виолета Јанкова, советник за туризам при локалната самоуправа во Демир Капија.

- Целта е посетителите на семинарите да го сфатат значењето на туризмот како би можеле во иднина и самите да го дадат својот придонес во развојот и промоцијата на туристичката понуда на своите општини, рече Јанкова.

Во меѓувреме трае изградбата на едукативниот тренинг центар за туризам во Демир Капија, единствен од ваков вид во регионот. Целиот проект е финансиран со европски пари во висина од над 300 илјади евра. Во центарот во иднина ќе продолжат да се одржуваат обуки за туризам согласно акциониот план. 

најчитано сега