Во Кавадарци врачени решенија за легализирани дивоградби

 

На 40 граѓани  и правни субјекти во Кавадарци денеска им беа врачени решенија за легализирање на дивоизградените објекти. 

Градоначалникот Александар Панов, кој им ги врачи документите за легализација, изјави дека од вкупниот број од околу 7.200 барања, донесени се 1.250 решенија, само 8 предмети се повлечени, а постапката е прекината за 2.766 предмети,  додека 3.225 барања се во постапка.

- Околу 40 проценти се решенија кои се во процедура. Процесот на легализација добро се одвива, а значајно е што легализацијата кај бизнис секторот е веќе завршена или е при крај. Што се однесува за легализацијата на објектите околу Тиквешкото езеро и на други делови од туристички карактер во општината, исто така се одвива без застој, во вкупната бројка на легализирани објекти се влезени и објекти од ова подрачје, изјави градоначалникот Панов.

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега