Ќе се реши значаен проблем во здравството- апаратите ќе се поправаат за максимум 15 дена
Еден од главните проблеми на Јавните здравствени установи во Македонија е дефектот и санирањето на апаратите.
Во Македонија во 91-на Јавна здравствена установа, а има 6109 апарати. Евиденцијата се води во посебен Регистар за медицинска опрема, кој е воведен согласно новиот закон за здравствена заштита и кој ќе биде во функција до крајот на овој месец.
Досегашното искуство покажало дека поправката на апаратите се одвива во долг временски период, во некои случаи и за повеќе од 60 дена, со оглед на тоа што претходно треба да се распише тендер.
Сето тоа се влијае врз квалитетот на здравствената услуга, бидејќи во тој временски период пациентите не можат да ја добијат потребната здравствена нега или пак дијагностика и се препраќаат од една во друга здравствена установа.
-Како резултат на ова со цел надминување на овие недостатоци, Министерството за здравство одлучи и веќе распиша тендер за набавка на резервни делови за сите Здравствени установи за вкупно 220 апарати и 1769 резервни делови, истакна министерот Никола Тодоров.
Станува збор за 220 апарати кои најмногу се користат и кои се исклучително значајни за прецизна и точна и точна дијагностика, како што се: магнетната резонанца, компјутерската мамографија, ангеографите, екг апаратите, апарати за анастезија... Вредноста на набавката е над 3 милиони и 600 илјади евра.
-Со оваа набавка сакаме да ги решиме проблемите: наместо времето на реакција да биде повеќе од 60 дена, времето на реакција и поправање на распаниот апарат или замена на расипаниот резервен дел да трае не повеќе од 15 дена. Второ, да се намали цената на резервните делови, трето, да се намали цената на работната рака, односно предвидено е работната рака да биде вклучена во испораките на резервниот дел. Четврто, доколку има потреба од поправка на некој апарат а нема потреба од промена на дел, работната рака за поправка на апаратот да биде бесплатна, односно да биде вклучена како дел од набавката, додаде Тодоров.
Се очекува да се намали цената на резервните делови, со оглед на тоа што централно се набавува за сите Јавни здравствени установи, а со тоа ќе се намали цената на работната рака.
-Она што е исто така многу значајно е да има предвидливост на процесот. Тоа значи дека доколку има резервни делови чиј век на траење е ограничен и е познат, тогаш директорот на здравствената установа треба да води сметка , предвреме да алармира до министерството, а министерството да го нарача делот со цел брза и времена замена на резервните делови, заклучи Тодоров.
Министерството за здравство ги набавува деловите, а сите здравствени установи се должни навремено да алармираат до секторот на одбрана во министерството. Секторот потоа ќе побара од економскиот оператор со кој ќе биде склучен договорот да се нарача делот, да се монтира со цел да се стави апаратот во функција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа