Штипски „Исар“ почна со реконструкциите на водоводната и канализациската мрежа
Штипското комунално претпријатие „Исар“ почна со комплетна реконструкција на водоводната, канализациската и атмосферска мрежа.
Реконструкцијата почна од улицата „Христијан Карпош“ за која директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека е дел од приоритените проекти на општина Штип.
- Почнавме со целосна реконструкција и промена на цевките за водоводната и каналзиациската мрежа, а жителите од оваа улица ќе имаат и нова атмосферска мрежа. Знаете дека при поројни дождови се соочуваме со големи проблеми и тоа со коцката која е на патот, а која ќе биде заменета со асфалт од страна на општина Штип, изјави Бојаџиев.
Тој додаде дека целокопната инвестиција на ЈП „Исар“ на улицата „Христијан Карпош“ чини околу три милиони денари. По завршувањето на овој приоритетен проект, екипите на „Исар“ ќе работат и на реконструкција на водоводната и канализациската мрежа на улицата „Вардарска“, а до крајот на годината жителите од приградската населба Карорман ќе добијат и канализациска мрежа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа