Ким Мехмети доживеа срцев удар

 

Публицистот Ким Мехмети бил хоспитализиран во приватна болница во Приштина по преживеаниот срцев удар во текот на неделава.

kim mehmeti

 

Мехмети кој ударот го добил во средата по едно предавање на Унвезитетот во косовскиот главен град најпрво се двоумел да замине за Скопје или Тирана, но на крај одлучил да се лекува во Приштина.

Мехмети вели дека се чувствува многу донро, дека не зажалил за таа своја одлука и оти е презадоволен од услугата и третирањето во приватната болница „Медицина“.

За состојбата на Ким Мехмети за медиумите зборувал и лекарот специјалист од болницата, Цем Багдатли. Тој рекол дека состојбата на Мехмети е стабилна. – Ние сме задоволни што услуга и пруживме на една значајна личност за Албанците, изјавил турскиот лекар, пренесува приштинскиот весник „Газета експрес“.

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега