Снег на крајот од март: Проверете каде вее низ Македонија во моментов

Интензивни снежни врнжи во моментов се регистрирани на Попова Шапка. Слаб снег провејува во Маврово, а слаби врнежи од снег помешани со дожд има на планинските превои Стража и Ѓавато

Поради појава на магла намалена е видливоста до 100 метри на патниот правец кај Пресека и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.  

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега