Регулаторна со нова цена а бензинот - од утре ќе возиме поевтино?

Цената на нафтата на берзата на Њујорк  за испорака во април падна на 46 долари за барел што е за 57 центи поевтино од вчера.
Она што е поинтересно за Македонија е лондонската берза врз основаа на чии цени се формираат малопродажните цени во Македонија. И таму денеска северноморската нафта од типот брент забележа поевтинување и тоа за 43 центи спуштајќи се на нивото од 54,89 долари за еден барел.

 

Следната корекција на малопродажните цени на горивата во Македонија треба да се направи денеска и од полноќ ќе почнат да важат новите цени. Доколку продолжи трендот на намалување на цените на нафтата на берзата во Лондон врз основа на чија цена се креираат и цените во Македонија, постои можност за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија. Цената на нафтата на берзата во Лондон врз основа на која се формираа цените во Македонија претходната недела изнесуваше 58,5 долари за барел, а моменталната цена е за 3.6 долари пониска и изнесува  54,9 долари за барел. 
Доколку цената остане на ова ниво и нема поголеми промени на курсот на доларот во однос на денарот, можно е поевтинување за околу 2 до 3 денари по литар. 
При последните промени на цените, претходниот понеделник бензините поскапеа за 2,5 денари а дизелот за половина денар. Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар ЕУРОПСУПЕР од 95 октани се продава за 67,5 денари по литар а 98 октанскиот за 69,5 денари по литар. 
Дизелот во моментов се точи за максимална цена од 55,5 денари по литар.

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега