Отворени денови со АВРМ во Демир Капија, Гевгелија и Богданци

 

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска во општините Демир Капија, Гевгелија и Богданци ќе реализира отворени денови со граѓаните.

Во 10 часот невработените и работодавачите  од Демир Капија ќе имаат можност да се запознаат  со мерките и програмите за вработување на АВРМ. Во Гевгелија активностите ќе започнат во 12 часот, а во Богданци во 15 часот.

 На овие настани ќе присуствува директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега