Новели за убиството од Оливера Николова
„Матица македонска“ ја објави книгата „Кадифената покривка“ - збирка од шест подолги новели на писателката Оливера Николова, со поднаслов „новелети за жени убијки“.
- Низ преплетување на мотивите, намерата на ова возбудливо и исклучително добро компонирано дело е да ги расветли првичните импулси за ваквиот чин и да се впушти во следење на развојот на чувството од кое се раѓа поривот некому да му се одземе животот. Со „Кадифената покривка“ Николова се потврдува како ретко доследна во истражувањето и во анализирањето на круцијални историски и опшествени теми, соопшти издавачот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа