Линијата изгоре - од септември 28.762 повици на „Ало докторе“
На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември досега имало 28.762 повици.
Здравствен дом Скопје соопшти дека во изминатите седум дена од 16 до 22 март за медицински совет на линијата се јавиле 985 луѓе. Дваесет и еден доктор се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, зголемена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.
Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.
На линијата дежурен денеска од 18 до 22 часот ќе биде директорот на Институтот за радиотерапија и онкологија д-р Милан Ристевски, а утре директорката на Клиниката за ендокринологија д-р Славица Шубеска Страткова. На 25 март дежурен во кол центарот „Ало докторе“ ќе биде директорот на Ургентниот центар, д-р Реџеп Селмани, на 26 март директорот на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, а на 27 март директорот на Клиниката за кардиологија проф.д-р Сашко Кедев.
На 28 март на дежурен на линијата од 18 до 22 часот ќе биде директорот на Клиниката за нефрологија, д-р Александар Шиколе, а на 29 март директорката на Клиниката за хематологија, проф.д-р Лидија Чевревска.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа